Проект „Граѓанско учество за успешна децентрализација“
Проектот „Граѓанско учество за успешна децентрализација“ е финансиран од Центар за Институционален Развој во рамки на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка. Проектот ќе го спроведе „Регионален центар за одржлив развој“ – Гевгелија “ во општините: Гевгелија, Дојран и Богданци.
Целта на проектот е да се подобри квалитетот на испораката на децентрализирани услуги од локалните самоуправи во општините Гевгелија, Дојран и Богданци преку информирање, истражување и едукација на сите засегнати страни во граѓанското општество.
Проектот го сочинуваат следниве компоненти:
Компонента 1: Градење капацитети - има за цел цел градење на капацитетите на НВОи и општинската администрација за полесно вклучување во процесот на децентрализација, запознавање со надлежностите, механизмите и инструмените за добивање информации, посредно или непосредно учество во работата на локалната самоуправа, во креирањето на локални политики и учество во донесување на одлуки.
Компонента 2: Испитување на јавното мислење - има за цел да го утврди и презентира степенот на задоволство/незадоволство кај граѓаните од работата на Градоначалникот и Советот во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Компонента 3: Подигање на јавната свест - има за цел да ги информира граѓаните за структурата и надлежностите на локалната самоуправа во три општини (Гевгелија, Богданци и Дојран). Оваа цел ќе се оствари преку подготовка и дистрибуција на информативна брошура: „Општината поблиску до граѓаните“.
Comments:





