Login Form

Обука „Форми на непосредно учество на граѓаните во работата на Локалната самоуправа и во процесот на донесување на одлуки“

На ден 17 и 18 мај 2011 во просториите на Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија  се одржа обука на тема: „ Форми на непосредно учество на граѓаните во работата на Локалната самоуправа и во процесот на донесување на одлуки “. Обуката е дел од серија на активности во рамки на проектот „Граѓанско учество за успешна децентрализација“, финансиран од Центар за Институционален Развој во рамки на Програмата CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка. Тренер на обуката беше Игор Тасевски. Обуката ја организира Регионален центар за одржлив развој – Гевгелија.

На обуката присуствуваа 18 учесници, претставници на НВОи и општинска администрација од Локални самоуправи од општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

На обуката учесниците стекнаа знаења за формите и придобивките на граѓанското учество во работата на локалната власт, за нивоата и принципите на учество на граѓаните во работата на локалната власт како и за чекорите на граѓанското учество во процесот на одлучување.

Comments:

Теодора Гошева (прво место) МКЦ-Скопје Натпревар најдобра Француска шансона

Трба Трби Гевгелија

Gevgelija Group

 
Google Groups
Subscribe to gevgelija
Email:
Visit this group

 

Gevgelija ORG

ГЕВГЕЛИЈА ОРГ ®

 

Find us on Facebook