Изложба на фотографии
Вечерва во Библиотеката "Гоце Делчев" во Гевгелија ќе биде отворена изложба на фотографии од волонтерите на Мировниот корпус, кои волонтираат во Република Македонија. На изложбата ќе бидат презентирани фотографии од Дејв и Кети Вандервеге, кои волонтираат во Гевгелија. Изложбата ќе биде отворена во 20.00 часот. Веднаш по изложбата волонтерите ќе одржат американско-англиски
час, на кој ќе стане збор за Мировниот корпус.
Извор: Дневен Билтен На Општина Гевгелија
Comments:





