Login Form

7 Ноември

7 Ноември 2010

7 Ноември 2010

7 Ноември 2009

Гевгелија, 6 ноември (МИА) - На свечен прием организиран по повод одбележувањето на 7 Ноември, празникот на општина Гевгелија, градоначалникот Иван Франгов на шест истакнати граѓани и дејци од Гевгелија денеска им ги врачи наградите за постигнувања во својата професионална дејност и афирмација на општината на републичко и меѓународно ниво.

Добитник на награда за живото дело е професорот по литература Илија Карајанов. Златна плакета постхумно му е доделена на капетан Игор  Ѓорески, последниот херој што го дала Гевгелија, како загинат во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце при враќањето од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Со златна плакета за достигнувања во бизнисот, туризмот и уметноста се стекнаа Димитар Маџунков, Венчо Атанасов и Драги Хаџи-Николов. Сребрена плакета за унапредување на здравството во општината доби прим. д-р Ѓорги Петков.

Во рамките на празничните општински одбележувања денеска на градскиот плоштадот децата од детските градинки и основните училишта изведоа програма „Децата пеат за Гевгелија“, а вечерва, исто така, на плоштадот ќе се одржи поп рок Вечер со настап на домашни изведувачи.

Во текот на денов делегација на борците и поддржувачите на НОБ, претставници на локалната самоуправа, на јавни институции, здруженија на граѓани и бројни гости положија цвеќе пред бистите на паднатите борци од Гевгелиско и Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ.

Теодора Гошева (прво место) МКЦ-Скопје Натпревар најдобра Француска шансона

Трба Трби Гевгелија

Gevgelija Group

 
Google Groups
Subscribe to gevgelija
Email:
Visit this group

 

Gevgelija ORG

ГЕВГЕЛИЈА ОРГ ®

 

Find us on Facebook