Login Form

Град на културата

altГевгелија отсекогаш претставувала значајна транзитна крстосница.
Гевгелија отсекогаш била голем трговски центар, веднаш по Солун.
Гевгелија отсекогаш била туристичка дестинација во која отседнувале гости од
поголемите европски метрополи.
    Гевгелија, која се протега во подножјето на еден од најмоќните раноантички градови во Повардарјето, Гортинија, од памтивека претставувала значаен културен центар. Поорганизираното културно живеење во Гевгелија започнува пред еден век, кога
за празниците низ гевгелиската главна улица „од станица до граница“ минувала Градската блех музика. Во 1908 година во основното училиште, сместено во денешната црква „Свети Кирил и Методиј“, се одржала првата театарска претстава. Со изградбата на Соколскиот дом во 1935 година започнува и поорганизираниот театарски живот во градот.
Додека пак во 1955 година, со изградбата на Народниот театар, Гевгелија станува театарски центар. Со еден збор, Гевгелија со векови претставувала не само значајна транзитна, туку и културна крстосница.
Во 2011 година Гевгелија стана и културна престолнина на Република Македонија,
каде што ќе продефилиртаат стотина културни дејци од земјата и странство. Но, Гевгелија ќе се здобие и со нов репрезентативен културен простор. До крајот на годината треба да заврши реконструкцијата на Народниот театар, а тоа значи дека овој театарски храм повторно ќе ги отвори своите врати за публиката. Довршувањето пак на реконструкцијата на „Амамот“ до средината на годината значи конечно отворање на Ликовната галерија.
“Гевгелија е избрана за Град на културата во 2011 година поради тоа што понуди осмислена и издржана културна програма. На конкурсот аплицираа рекорден број  - 11 општини. Од пријавените проекти, Комисијата ги разгледа само оние од општините – градови, додека останатите предлози беа отфрлени бидејќи не ги задоволуваат условите на конкурсот. Откако ги разгледа преостанатите осум проекти, Комисијата предложи Општина Гевгелија да биде избрана за „Град на културата во 2011 година“, стои во службеното образложение на Министерството за култура. Проектот на општината содржи конкретни, квалитетни и разновидни културни содржини, со разновидни програмски активности распоредени во текот на целата година, наведуваат во Министерството за култура. Меѓу причините за изборот е и тоа што во Гевгелија не постои национална установа од областа на културата која би ги остварувала дејностите на културата, па затоа било предложено токму оваа општина да биде домаќин на културни настани со што ќе се поттикне локалниот културен развој.
Најавата на министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска дека ова министерство и во иднина ќе продолжи да ги помага сите активности кои ќе го интензивираат културниот развој на оваа општина отвора нови перспективи за ова поднебје. Годинава на локалитетот Вардарски рид ќе бидат завршени  археолошките истражувања и конзерваторско-реставраторските работи на откриените објекти. Покрај тоа, планирани се  реконструкции на два објекти кои што ќе бидат репрезентативни  обележја во рамките на овој локалитет. Исто така, најавена е поддршка  и за ентериерно уредување на Народниот театар и за реставрација на зградата на Градската библиотека.
Гевгелија е на добар пат да стане една од најинтересните дестинации на културната мапа на Република Македонија.

Теодора Гошева (прво место) МКЦ-Скопје Натпревар најдобра Француска шансона

Трба Трби Гевгелија

Gevgelija Group

 
Google Groups
Subscribe to gevgelija
Email:
Visit this group

 

Gevgelija ORG

ГЕВГЕЛИЈА ОРГ ®

 

Find us on Facebook