Смоквијада 2009
На третата традиционална Смоквијада – фестивал на смоквата учествуваа 30 тима со 26 натпреварувачи, меѓу кои и 3 групи машки готвачи на слатко. Нина и Аника Стоилови, снаа и свекрва од Гевгелија, го освоија првото место, односно подготвија највкусно слатко од смокви. Бројната публика на фестивалот имаше можност да ужива во богатата музичка програма, но и да ги проба специјалитетите и десертите направени од ова овошје.





