Гитаријада 2009
Групите Hall Of Sins од Битола, Vanity Fair и Pig BC од Скопје, беа првонаградените музички бендови на Втората Гитаријата, која се одржа во Гевгелија. На селективната вечер во Миравци настапија 14 групи од целата земја, а на финалната вечер, која се одржа на Градскиот стадион во Гевгелија, настапија 7 групи. Поединечните награди им припаднаа на најдобрите гитаристи Илија Чакаровски од ’’Еклипса’’ и Бојан Новевски од ’’Pig BC’’ на бас гитара, додека Александар Петков од ’’Pig BC’’ беше прогласен за најдобар тапанар.





