Тихо 2009
Во Миравци, по дваесеттина дена возбудливи натпревари во мал фудбал, на кој учествуваа 68 фудбалски екипи од речиси цела Македонија, беше спуштена завесата на дваесет и првиот по ред меморијален турнир ТИХО 2009.Пред околу 1000 гледачи првото место во јуниорска конкуренција го освои перспективната екипа на ˝Атомски мравки˝ од Миравци, додека во сениорска конкуренција победник беше екипата на ˝Фенербахче˝.





