Прдејци
Населбата Прдејци ми се чини е единствена населба во Република Македонија која со својата конфигурација се наоѓа стуткана помеѓу модерен автопат и железничка пруга. Значи, до ова населено место може да дојдете на било кој начин, освен се разбира по воздушен пат. А, кој знае можеби за неколку години тука ќе може да се стигнува и со авиони. Земјоделски или транспортни, сеедно.
Оваа населба датира од раниот среден век кога го носела името Парделци и се простирала по долниот тек на реката Вардар. Зошто токму Парделци, не можев да најдам било какви податоци. Доколку некој од читателите може да помогне во откривањето на онкономијата на ова населено место, ќе му бидам многу благодарен. Жителите на Парделци се занимавале отсекогаш со земјоделство и сточарство, па така останало и до ден денеска. Најверојатно тие се спуштиле од повисоките предели на овој крај и поради одличната географска местоположба се населиле од обете страни на реката Вардар. Бидејќи населеното место било на одлична положба, низ него поминале многу војски, а местото имало бурно историско минато. Најдлабоки траги, сепак, оставиле Османлиите и токму поради тоа во ова место има област која се нарекува турски гробишта и многу куќи коимостанале од тој период. На една од овие куќи се знае и името на газдата, а тоа бил некој си Реџо Мемет. Низ ова прекрасно населено место поминале сојузничките балкански војски а населбата ги преживеала Првата и Втората светска војна. По втората светска војна, во населбата Прдејци пристигна електрична енергија а во 1958 година се изгради и подрачното училиште Јане Сандански. Тогаш се отвори и селска библиотека, која за жал сега пропаѓа и која жителите мора час поскоро да најдат средства да ја обноват.
Миравци
Миравци со едно научно толкување и една легенда за тоа како настанало местото Миравци. Ќе забележите дека и во двете приказни има многу и различности и сличности.
Според историските податоци,во турскиот пописен дефтер Миравци се спомнува во 1570 година како Мирашци, место во нахијата Бојмија во кое се избројани 96 христијански семејства. Во основа на ова име, вели македонската оконимија, се наоѓа личното име Мираш,кое пак во основа го има името Миро.Значи, Мирашеви, односно деца и синови на некој си Миро. Сепак, мене повеќе ми се допаѓа објаснувањето кое вели дека името Мираш значи дол.Ова име се спомнува како второ име на исчезнатото село Поторошница.
И легендата за Миравци спомнува дека ова место е формирано по пропаѓањето на двете населби Чаушовац и Крчаново,кога населението двапати се преселувало.Археолошките остатоци откриени во овие месности покажуваат дека на подрачјето на денешно Миравци, во прастаро време живееле Византијци, Илири, Римјани.Русалиските игри,кои некогаш масовно се играле се остатоци од духовната култура на Римјаните. Зборот русалија потекнува од латинскиот розалија, празник на пролетта односно танц на розите.Римскиот мостДека римјани го населувале овој простор сведочи и т.н Римски мост на Стара река, рекичка помеѓу Миравци и Петрово
Богородица
Богородица е интересно место поради многу причини.Прво,тоа е нашиот најфреквентен граничен премин низ кој годишно поминуваат милиони туристи и каде секојдневно се води нерамноправната битка помеѓу царината и полицијата од една и шверцерите од друга страна.Тоа е единственото населено место во Македонија кое го носи името на мајката Христова-Богородица.Според професорот Ристо Стамков,авторот на една прекрасна монографија за ова населено место која лани се промовираше а од која со задоволство,за потребите на ова мое писание, ќе извлечам за вас некои интересни работи,не е познато откога постои местото Богородица.Тој пак го цитира Туше Влахов кој тврдел дека Богородица постоела уште пред доаѓањето на Османлиите во Македонија.Можно е името да е добиено и од месната црква посветена на Света Богородица,која станала заштитник на местото.Прв пат како чифлик Богородица се спомнува во 1828 година кога имотот на ова место го владееле разни паши и бегови а на почетокот на дваесеттиот век со Богородица и со блиското место Мачуково владеела една жена-Шејме- ханума,или нарекувана Анмката.





