Login Form

Мурал

alt altПо половина век муралот што се наоѓа на зградата над “Телеком”, во центарот на Гевгелија, повторно е обновен.

Обновата на сликата која со децении ја красеше не само оваа зграда, туку и центарот на градот беше извршена во рамките на фасадирањето на зградите на шеталиштето во центарот на градот. Обновата на муралот се одвиваше под ликовен надзор на гевгелискиот академски сликар Боро Петров, кој беше и еден од авторите на муралот, а ја изведоа млади ликовни уметници од Гевгелија.
Муралот на зградата во која порано се наоѓаше РТГ, е насликан во далечната 1959 година, по повод Општинскиот празник-7 Ноември и предавањето во употреба на првата продавница за самопослужување во Гевгелија.
На вториот кат од оваа зграда била сместена првата Стоковна куќа во Гевгелија, поради што на муралот доминирале слики кои ја одразувале понудата на стоковната куќа на трговското претпријатие “Солун”.
Автори на муралот биле гевгелиските академски сликари Боро Петров и Зафир Хаџимитров.
 

Теодора Гошева (прво место) МКЦ-Скопје Натпревар најдобра Француска шансона

Трба Трби Гевгелија

Gevgelija Group

 
Google Groups
Subscribe to gevgelija
Email:
Visit this group

 

Gevgelija ORG

ГЕВГЕЛИЈА ОРГ ®

 

Find us on Facebook